Етимолошки
набљудувано зборот буџет потекнува
од латинскиот збор bulga со
кој се означувала кожна торба која при
поднесување на барањата на парламентот
ја отворал министерот за финансии.
Подоцна овој збор доживеа трансформација
во старофранцускиот збор budgette за
да потоа помине во В.Британија и се
модифицира во зборот budget.
Денес зборот буџет е
општо прифатен во најголем број на земји
во теоријата и практиката. Постојат
повеќе дефиниции за буџетот, и авторите
на различен начин приоѓаат кон дефинирање
на буџетот.
Класичарите
буџетот го дефинираат како акт на
предвидување на приходи и разходи на државата.
Според СТОУРМ буџетот претставува акт
со кој се предвидуваат приходите и
расходите на државата за период од
година дена. Исто така за буџетот се
смета дека тој е акт на претставничкото
тело (парламентот) со кој се предвидуваат
и однапред одобруваат, за иден период
(по правило за една година) распределбата
на приходите и расходите во рамките на
финансирањето како и во врска со
политичката и социјалната природа.
Постои сфаќање дека буџетот
претставува закон во
формална смисла на зборот, или попрецизно
само по својот надворешен облик.
Буџетска иницијатива
Нацрт
буџетот го предлагаат управните органи.
Во утврдувањето на буџетот учествуваат
органите на власта,
но составувањето на буџетот е во рацете
на управните органи. Така е во сите земји
денес. Правото за буџетска иницијатива
им припаѓа на управните органи. Во поглед
на буџетската работа стои поинаку: овде
предлог поднесува управниот орган.
Во
поглед на буџетскиот акт, причина што
се претставничките органи во поглед на
техниката на составувањето на буџетскиот
предлог во малку поповолна положба од
управните органи. Само тие се во постојан
контакт со секојдневниот живот. Тие
најдобро можат да ги проценат потребите
на јавните служби,
тие осеќаат што е неопходно за намалување
на приходите и задоволување на заедничките
потреби. Поради тоа на нив им припаѓа
обврската за извршување на буџетот, тие
ќе ги предвидат вистинските расходи и
точно да ги утврдат државните приходи.
Изработка на предлог на буџетот
Во
оваа фаза проектот се претвора во предлог
на буџетот. Истакнато е да предлог на
буџетот настанува од предлозите на
управните органи во кои се содржани
потребите за буџетските средства. Но
тие потреби се засновани на директивите
од централните финансиски органи.
Плановите и идеите за буџетот припаѓаат
на министерот за финансии.Буџетот се обемни и многубројни. Во
парламент тоа го прави посебна служба.
Една од работите на таа служба е да
донесе општи упатства за изработка на
проектот на буџетот. Секој раководител
на управната единица е должен да состави
своја проценка за расходите и евентуалните
приходи кои ги упатува на својот
секретаријат. Така изработениот проект
на буџетот се доставува до Владата, за
да таа донесе крајна одлука за финансиските
приходи следната година. Владата го
разгледува детално проектот за Буџетот
и како свој предлог на Буџетот го праќа
на одобрение во парламентот.
Буџетски кредити
Постојат
два вида на буџетски кредити: лимитативни
и евентуални. Под поимот буџетски кредити
се подразбира овластување на извршителите
на буџетот во текот на годината можат
да вршат трошење за одредена намена до
одредена висина.
- Лимитативни кредити
Се
оние редовни кредити во буџетот кои
одговараат на принципот да кредиот
значи дека извршителите на буџетот
немаат право да го поминат максимумот
во трошењето. На пр. кредити кои се
претходно утврдени со јавни договори
(државен заем, плата на функционерите)
- Евентуални кредити
Се
наменети за потребите во тековниот
буџетски период да се извршат а чија
висина не може однапред да се точно
предвиди. Тие можат да бидат помали или
поголеми во зависност од ситуацијата.
Кај овие кредити не може да се утврди
максималната цифра како кај претходните.
На пр. расходи за пензиите, функции на
судовите, обесштетување на поединци од
буџетот и воопшто расходи кои неможат
да се антиципираат. Овие кредити владата
може слободно да ги употребува, но во
завршната пресметка треба да ја докаже
исправноста на таквото трошење.
Вирманисирање и ребаланс на буџетот
Вирмани-
под вирманисирање треба да се подразбира
измена на висината на буџетските средства
и нивна употреба, делумно или во целина,
за да се задоволат некои други потреби.
Ако се случи да постојат недоволно
средства во буџетот, а наредбодавачот
не сака да користи дополнителен кредит
или да користи средства од буџетските
резерви, или - ако тие средства не се
доволни за пополнување на сите празнини,
тогаш тој врши вирманисирање. Тоа значи:
бидејќи од една страна има недоволно
средства а од друга вишок кои не можат
во целост да се искористат до крајот на
годината- наредбодавачот вирмански ќе
пренесе дел или цела сума од поголемиот
износ кон помалиот.
Ребаланс на буџетот
И
за време на финансиската година, кога
е веќе одобрен буџетот и е во тек на
извршување, претставничкото тело може
да врши разгледување на неговата
структура и дополнителни одлуки за
измена на буџетот, како на страната
на приходитетака
и на страната на разходите.
Таквото донесување на дополнителни
измени на буџетот во текот на буџетската
година се вика ребаланс на буџетот.
По донесувањето на Буџетот на Републиката, министерот за финансии ги известува корисниците на средствата што им се одобрени, а корисниците ги распределуваат приходите и трошоците по одделни единки корисници.
Врз основа на известувањето единките корисници се должни да донесат финансиски план за намените за кои што ќе се користат средствата, најдоцна 15 дена од денот на известувањето.
По донесувањето на Буџетот на Републиката, министерот за финансии ги известува корисниците на средствата што им се одобрени, а корисниците ги распределуваат приходите и трошоците по одделни единки корисници.
Врз основа на известувањето единките корисници се должни да донесат финансиски план за намените за кои што ќе се користат средствата, најдоцна 15 дена од денот на известувањето.