Monday, April 20, 2015

ФИНАНСИРАЊЕ НА БИЗНИСОТ

Финансиите се основа за добро функционирање на секој бизнис. Без финансии нема да може да функционира бизнисот, односно да обезбеди нормално работење и да планира раст. Добрите претприемачи по правило се полни со идеи и акции кои следуваат по тие идеи, но секогаш имаат недостаток на доволно финансии.
При започнување на бизнисот една од најважните работи во процесот на планирање на тој стартап е добро да се проектираат финансиските показатели како би се обезбедило опстојување во тешката стартап фаза на бизнисот.
Во моментов работам на изработка на еден бизнис план за сосема нов бизнис. Планот се однесува на наредните 3 години. Ги извршив сите анализи и ги проектирав предвидувањата за движење на продажба во следните три години. Но, она што сакам тука да го истакнам е дека проекциите се базираа на минимални инвестиции за започнување, односно минимален износ на пари потребни пред започнување на бизнисот. Така да со тие проекции готовинскиот тек одеше во негатива следните една и пол година. Што не смее да биде случај, затоа што нема да може да се финансира работењето на бизнисот. Имав неколку опции:
  • Да ги намалам фиксните трошоци (што постоеше можност затоа што користев повисоки трошоци)
  • Да ја зголемам продажбата (што сметав дека ќе биде нереално)
  • Да го зголемам износот на стартап финансии.


Ќе се обидам тука да ги претставам најкористените извори за финансирање на малите бизниси.
  1. Лични финансии. Финансии кои ќе ги обезбеди самиот претприемач.
  2. Финансии како позајмици од семејството и пријателите. Ова е втора опција на бесплатни финансии, бесплтни бидејќи нема камата на тие позајмици.
  3. Владини организации за развој на малите бизниси. Ова се институции кои се формираат од страна на државата и кои имаат за цел да го поттикнат развојот на претприемништвото.
  4. Банкарски кредити. Ова се краткорочни кредити кои служат само за да го подобрат финансирањето на бизнисот. Стартап бизнисите многу потешко доаѓаат до овие средства како правни лица. Но, затоа претприемачот може да ја искористи можноста за добивање н средства како физичко лице.
  5. Кредитни картички на претприемачот и членовите на семејството. Ова претставува една поскапа алтернатива на кредитите, но сепак достапни се средства во износ на лимитот на картичките.
  6. Ризичен капитал (Venture Capital). Сметам дека овој начин на финансирање сеуште не е развиен кај нас. Повеќе детали можете да прочитате во написот за ризичен капитал.
  7. Здружување на средства со партнери. Доколку имате идеја која сметате дека може да биде успешен бизнис понудете ја заеднички да го започнете бизнисот со некој од Вашите роднини и пријатели. На таков начин ќе обезбедите средства за започнување на бизнисот.
  8. Бизнис ангели. И овој начин на започнување сеуште е далеку од она што треба да биде. Повеќе можете да прочитате во написот за бизнис ангели.
  9. Штедилници. Овој начин на финансирање доаѓа од штедилници и е сличен со банкарски кредит, можеби средствата се малку поскапи но подостапни во секој случај.
  10. Лизинг. Се попопуларен начин за финансирање на малите бизниси кај нас. Ова всушност претставува изнајмување на опрема за работа која на подолг рок се плаќа наемнина и одредена каматна стапка на компанијата која го нуди лизингот.
Што е Ризичен капитал (Venture Capital) ?
Доколку претприемач поседува добра бизнис идеја и сигурен е дека може да ја реализира тогаш обезбедување на капитал (финансии) претставува клуч за реализирање на таа бизнис идеја. Доколку не постои друг начин на финансирање тогаш претприемачот може да користи средства од ризичниот капитал или VENTURE CAPITAL.
Ризичен капитал може да се добие од поединецот или од група финансиери (акционери) кои поседуват финансии и кои сакат на нив (како и на секоја друга стока или производ или услуга) многу да заработат преку вложување во бизнис идеи на претприемачите а за возврат добиваат значајен дел од сопствеништво на бизнисот.
Овој систем на работење носи голем ризик од неуспех па поради тоа и иматели на капитал сакат да го заштитат својот капитал од пропаѓања бидејки секоја идеја колку и да е добра не мора да значи дека е и профитабилна. Па капиталистите свесно влегуваат во ризик да некоја од инвестициите и пропадне, но со тоа да во неколку инвестиции ги покријат и големите загуби и остварат и големи профити како надокнада за превземен ризик. Заради ова за претприемачот овој начин на финансирање е најлош бидејки каматите како и условите за добивање на овој вид на капитал се најнеповолни.
Како и при секое започнување на бизнисот финансиерите го бараат на увид комплетниот бизнис план. Тогаш се пристапува на потпишување на договорите. И барање на заедничките интереси.
Најчесто се бараат високи камати кои се поткрепени со одредени хипотеки и гаранции. Некогаш каматите се намалуваат за сметка на уделот во сопствеништвото на фирмата. Тој удел најчесто изнесува од 20 – 55 %.

Што претставуваат бизнис ангели?

Бизнис ангели (можат да се сретнат уште и како ангели, ангел инвеститор или неформален инвеститор) претставуват уште еден интересен терминолошки израз кој е даден со цел да се добие еден впечатлив назив, кој е полесен за паметење, а претставува синоним за финансиери.
Односно тоа е начин на финансирање и претставува неформален ризичен капитал. Финансиер може да биде индивидуалец или група. Тоа се луѓе кои имаат вишок на финансиски средства и кои се спремни да го инвестират тој вишок во индивидуалецот или во регионот преку најповолни услови. Најчесто парите ги заработиле (а можеби се уште заработуваат) како сегашни или бивши менаџери (директори), спортисти, естрадни звезди (пејачи, актери, режисери…), лекари, адвокати и другите високоплатени професии. Заради својот бекграунд, бизнис ангелите освен во финансиите можат да помогнат и во другите аспекти на бизнисот во зависност од нивната експертиза (како на пример, информации и know-how за тоа како да го направат бизнисот успешен). Оваа е дополнителна придобивка за претприемачите кои се врзуваат со бизнис ангели.
Овие финансиери претежно се сентиментално врзани за личност или региони (роднини, пријатели, роден крај или некој предел кој оставил големи импресии на одреден финансиер воо одреден дел од неговиот живот).

Видови на средства кои ги обезбедуваат бизнис ангелите

Бизнис ангелите може да дадат средства во вид на:
  • грант (подарок),
  • без камата,
  • со минимална камата или
  • со нормална камата.
На ваков начин давањето на гаранцијата би била значително олеснета а средства полесно достапни.
Тие најчесто инвестират поради желбата нивниот капитал да ја задржи својата вредност или поради љубов кон одредено место или личност. Секако дека сопствениците на овој капитал немаат против да стекнат профит (да ги оплодат своите пари) но, нивните основни мотиви не се првенствено профит па заради тоа тие даваат финансиски средства по поволни услови.





1 comment:

  1. Јас сум Serenity Autumn, моментално живеам во градот Тексас, САД. Во моментов сум вдовица со четири деца и бев заглавен во финансиска ситуација во мај 2019 година и требаше да се рефинансирам и да ги платам сметките. Се обидов да барам заеми од различни фирми за заеми и приватни и корпоративни, но никогаш не успеав, а повеќето банки ми го одбија кредитот. Но, како што сакаше Бог, бев запознаен со една божја жена, приватен заемодавател на заем, која ми даде заем од 850.000,00 американски долари и денес сум сопственик на бизнис и моите деца се добро во моментот, ако мора да контактирате со некоја фирма со повикување на обезбедување заем без обезбедување, без кредитна проверка, без ко-потписник со само 2% каматна стапка и подобри планови и распоред за отплата, ве молиме контактирајте со г-дин Педро на е-пошта pedroloanss@gmail.com Тој не знае дека го правам ова, но Многу сум среќен сега и решив да им кажам на луѓето повеќе за него, а исто така сакам Бог да го благослови повеќе.

    ReplyDelete