Monday, May 18, 2015

БУЏЕТ И БУЏЕТИРАЊЕ

Етимолошки набљудувано зборот буџет потекнува од латинскиот збор bulga со кој се означувала кожна торба која при поднесување на барањата на парламентот ја отворал министерот за финансии. Подоцна овој збор доживеа трансформација во старофранцускиот збор budgette за да потоа помине во В.Британија и се модифицира во зборот budget. Денес зборот буџет е општо прифатен во најголем број на земји во теоријата и практиката. Постојат повеќе дефиниции за буџетот, и авторите на различен начин приоѓаат кон дефинирање на буџетот.
Класичарите буџетот го дефинираат како акт на предвидување на приходи и разходи на државата. Според СТОУРМ буџетот претставува акт со кој се предвидуваат приходите и расходите на државата за период од година дена. Исто така за буџетот се смета дека тој е акт на претставничкото тело (парламентот) со кој се предвидуваат и однапред одобруваат, за иден период (по правило за една година) распределбата на приходите и расходите во рамките на финансирањето како и во врска со политичката и социјалната природа. Постои сфаќање дека буџетот претставува закон во формална смисла на зборот, или попрецизно само по својот надворешен облик.

Буџетска иницијатива

Нацрт буџетот го предлагаат управните органи. Во утврдувањето на буџетот учествуваат органите на власта, но составувањето на буџетот е во рацете на управните органи. Така е во сите земји денес. Правото за буџетска иницијатива им припаѓа на управните органи. Во поглед на буџетската работа стои поинаку: овде предлог поднесува управниот орган.
Во поглед на буџетскиот акт, причина што се претставничките органи во поглед на техниката на составувањето на буџетскиот предлог во малку поповолна положба од управните органи. Само тие се во постојан контакт со секојдневниот живот. Тие најдобро можат да ги проценат потребите на јавните служби, тие осеќаат што е неопходно за намалување на приходите и задоволување на заедничките потреби. Поради тоа на нив им припаѓа обврската за извршување на буџетот, тие ќе ги предвидат вистинските расходи и точно да ги утврдат државните приходи.

Изработка на предлог на буџетот

Во оваа фаза проектот се претвора во предлог на буџетот. Истакнато е да предлог на буџетот настанува од предлозите на управните органи во кои се содржани потребите за буџетските средства. Но тие потреби се засновани на директивите од централните финансиски органи. Плановите и идеите за буџетот припаѓаат на министерот за финансии.Буџетот се обемни и многубројни. Во парламент тоа го прави посебна служба. Една од работите на таа служба е да донесе општи упатства за изработка на проектот на буџетот. Секој раководител на управната единица е должен да состави своја проценка за расходите и евентуалните приходи кои ги упатува на својот секретаријат. Така изработениот проект на буџетот се доставува до Владата, за да таа донесе крајна одлука за финансиските приходи следната година. Владата го разгледува детално проектот за Буџетот и како свој предлог на Буџетот го праќа на одобрение во парламентот.

Буџетски кредити

Постојат два вида на буџетски кредити: лимитативни и евентуални. Под поимот буџетски кредити се подразбира овластување на извршителите на буџетот во текот на годината можат да вршат трошење за одредена намена до одредена висина.
  1. Лимитативни кредити
Се оние редовни кредити во буџетот кои одговараат на принципот да кредиот значи дека извршителите на буџетот немаат право да го поминат максимумот во трошењето. На пр. кредити кои се претходно утврдени со јавни договори (државен заем, плата на функционерите)
  1. Евентуални кредити
Се наменети за потребите во тековниот буџетски период да се извршат а чија висина не може однапред да се точно предвиди. Тие можат да бидат помали или поголеми во зависност од ситуацијата. Кај овие кредити не може да се утврди максималната цифра како кај претходните. На пр. расходи за пензиите, функции на судовите, обесштетување на поединци од буџетот и воопшто расходи кои неможат да се антиципираат. Овие кредити владата може слободно да ги употребува, но во завршната пресметка треба да ја докаже исправноста на таквото трошење.

Вирманисирање и ребаланс на буџетот

Вирмани- под вирманисирање треба да се подразбира измена на висината на буџетските средства и нивна употреба, делумно или во целина, за да се задоволат некои други потреби. Ако се случи да постојат недоволно средства во буџетот, а наредбодавачот не сака да користи дополнителен кредит или да користи средства од буџетските резерви, или - ако тие средства не се доволни за пополнување на сите празнини, тогаш тој врши вирманисирање. Тоа значи: бидејќи од една страна има недоволно средства а од друга вишок кои не можат во целост да се искористат до крајот на годината- наредбодавачот вирмански ќе пренесе дел или цела сума од поголемиот износ кон помалиот.

Ребаланс на буџетот

И за време на финансиската година, кога е веќе одобрен буџетот и е во тек на извршување, претставничкото тело може да врши разгледување на неговата структура и дополнителни одлуки за измена на буџетот, како на страната на приходитетака и на страната на разходите. Таквото донесување на дополнителни измени на буџетот во текот на буџетската година се вика ребаланс на буџетот.
По донесувањето на Буџетот на Републиката, министерот за финансии ги известува корисниците на средствата што им се одобрени, а корисниците ги распределуваат приходите и трошоците по одделни единки корисници.
Врз основа на известувањето единките корисници се должни да донесат финансиски план за намените за кои што ќе се користат средствата, најдоцна 15 дена од денот на известувањето.


Thursday, May 7, 2015

МЕНАЏИРАЊЕ НА ПАРИ

Повеќето наши навики за трошење пари на работи кои не се нужно потребни се одвиваат автоматски и прават големи неволји во нашиот буџет. Воведувањето на нови, добри навики нам може да ни помогне паметно да трошиме, повеќе да штедиме и побрзо да ги достигнеме најголемите финансиски цели.
1. Воведете во распоредот време за пари
Дали некогаш сте се зачудиле со количината на пари на својата сметка или минусот кој не се го очекувале? Тоа може да прекине ако во денот воведете една минува за преглед на вашата сметка и финансии. Наместете аларм во кое време вам најдобро ви одговара за на почеток да не заборавата бидејќи е важно да сте редовни во проверката. И во само една минута може да ги прегледате трансакциите на сметката, рамнотежата на приливот и одливот на пари, состојбата на вашата штедна книшка…
2. Автоматски префрлајте ги парите на штедна книшка
Многу веројатно е побрзо да ги потрошите парите отколку да ги одвоите за заштеда. Соодветно решение и најлесен начин заштедените пари да растат е автоматското префлање одреден износ на вашата штедна книшка. Може тоа да се договори со банката на месечно ниво или почесто, а може и со работодавецот да се договорите директно да ви ја пушта платата на штедната сметка. За почеток издвоите 1 до 2% од износот на своите примања за заштеда, а најважно е ова да ви стане навика. Ако сте во можност можете да го зголемите износот кога ќе забележите каков тренд има вашата штедна сметка.
3. Креирајте правило за трошење
Креирањето правила или водич за вашите финансиски одлуки може да ви помогне подобро да управувате со парите, покажува неодамна објавениот трод на бихејвиоралниот економист Д-р. Нерш Шефрин. Усвоите некое лично уверување според кое скате да ги трошите сопствените пари. Тоа може да биде да си дозволите купување на ситници кои ги саката кога ќе ги отплатите сите долгови од кредитната картичка. Правилно функционира по принципот чувствување грижа на совест, ако не се придржувате до него. Важно е да го направите достапно- напишете го на ливче, носете го во новчаникот, сликајте го со мобилниот и поставете го како позадина на екранот.
4. Споределете ги своите планови со пријателите
Често имаме големи соништа што се однесува до нашите финансиски планови, но не им ги кажуваме на другите, од страв да не ги постигнеме. Д-р. Гејл Метјуз од Универзитетот Доминикан во Калифорнија, во своето истражување кажува дека луѓето кои ги запишуваат своите цели и напредокот во нивното остварување на дневна база им го пренесуваат на пријателите имаат за 33% поголеми шанси да ги постигнат зададените цели. Затоа, пронајдете пријатели со кои ќе зборувате за  вашите финансиски цели и планови. А може да направите и табла на која на дневна база ќе ги внесувате чекорите на пат до целите, која може да ја споделите со пријателите.
5. Замрзнете ги своите кредитни картички, буквално
Многу е убаво кога може да си дадете слобда да купите се што ќе посакате без чекање до следната плата. Но, на крајот и сметката на кредитната картичка треба да се подмири, а тука настануваат проблемите. Замрзнете ги своите кредитни картички на 2-3 месеци, и тоа буквално, ставете ги во сад со вода и потоа ставете ги во замрзнувач. Но, внимавајте на минусот кој го имате на располагање на сметката и немојте да го користите него, или барем минимално ако морате да се извлечете од долговите.
6. Речете си дека заслужувате повеќе
Купуваме работи со цел да се наградиме, бидејќи тоа сме го заслужиле, па така одиме на вечера, купуваме нова облека за посебна прилика, одиме на викенд. Но, ние заслужуваме многу повеќе од тоа. Секој пат кога ќе посакате да се наградите со некоја ситница, речете си дека заслужувате повеќе од тие средства што ќе ги потрошите на вечера и вложете ги во својата иднина, финансиска сигурност, штедете за нешто големо.
7. Правете список за шопинг
Склони сме кон импулсивно купување работи кои не ни требаат кога влегуваме во супермаркет и гледаме што се има. И излегуваме од таму полесни за поголем износ пари одколку што сме планирале да потрошиме. Затоа, секогаш со себе носете список  за купување на лист хартија, или запишете ја листата на вашиот мобилен телефон. На оваа листа редовно запишувајте кога нешто ви недостасува и треба нешто да купите, па секој пат кога влегувате во супермаркет имајте го списокот со вас. Целта е да не купите нешто што не се наоѓа на списокот.
8. Дозволете си лош ден
Колку промената во вашето располагање со финансии е нужна поради долговите на минусот на сметката, таа не може да се случи преку ноќ. Бидете нежни кон себе и дозволете си по некоја грешка и непотребен трошок. Истражувањата покажуваат дека на некои луѓе им се потребни неколку недела да усвојат нови навики и да го променат однесувањето, а на некои им се потребни месеци.
9. Земете 15 минутна пауза
Кога чувствувате финансиски неодговорен импулс за купување и трошење пари, 15 минути насочете се кон некоја друга активност и одвлечете го вниманието од тој импулс. Ако сретнете некаде распродажба, направете еден круг околу квартот. Ако ви е отворена кошничката за он-лајн купување, затоврете ја и прочитајте некоја добра статија. После 15 минути вратете се на вашата почетна желба и проверете дали таа е уште тука и колку е силна. Оваа метода може да ви помогне во градење на отпорност кон непотребното импулсивно купување.
10. Користете напредни стратегии за штедење
Можеби сте задоволни што воопшто имате отоврено штедна сметка, а не ги чувате парите по дома. Но, ова е штедење за почетници. Постојат начини да заштедите за различни цели и да го пратите растот на своите пари на различни сметки. Распрашајте се за стратегиите и за можностите за напредно штедење кај пријателите и познаниците кои се експерти во ова подрачје.